Се надевам дека добар дел од вас веќе прочитаа за иницијативата за правење новогодишна елка од пластични шишиња. За да не се повторуваме, подолу е линкот од настанот објавен на Фејсбук, како и линкот со хаштагот од Твитер на кој може да ги следите тековните подготовки.
Топла препорака до сите кои не знаат за што станува збор, да одвојат дел од сопственото време и да прочитаат за акцијата, и голема благодарност однапред до сите оние што ќе решат да се вклучат во акцијата на било кој начин.
Ова е акција која е покрената спонтано, нема никаква формална организација која стои зад неа, а целите се далеку од амбициозни. Секој од нас се вклучува на сопствена иницијатива и сам ги гради сопствените очекувања. За мене оваа акција е прилика да се направи нешто убаво и корисно, да се запознаат нови луѓе и да се помине пријатно време во дружењето со нив, но и да се добие чуство за граѓанска одговорност и граѓанска иницијатива.
Оваа наша иницијатива сигурно е ситна во однос на крупните проблеми со кои се соочуваме секојдневно, но секако е пополезна од времето кое го минуваме во бесцелните разговори и расправии за работите кои тешко дека ќе ги промениме седејќи дома пред компјутер.
И навистина не знам да ви кажам што ќе смените со тоа што ќе донесете две-три пластични шишиња во сабота, на 24 декември, во Лептокарија, помеѓу 12 и 14 часот, но знам дека мене лично ќе ми го направите денот поубав. А да направиш нечив ден поубав, тоа воопшто не е малку!
п.с. Пријателите од другите пунктови за собирање исто така порачуваат дека ќе можете и нив да им го направите денот поубав:
o Платото пред Универзална сала – Таму ќе ве чекаат Ивана (мало бушавко, нема шанси да ја утнете) и Душица (debarmaalka.wordpress.com )
o Бисер – Таму ќе ве чека Ајродромскион (aerodromskison.blogspot.c om)
o Карши хотел Бристол – таму ќе ве чека Тамара (tamaraatanasoska.wordpres s.com)
o Капиштец пред Беверли Хилс – Таму ќе ве чека Јована (jovanatozija.blogspot.com )
o Бисер – Таму ќе ве чека Ајродромскион (aerodromskison.blogspot.c
o Карши хотел Бристол – таму ќе ве чека Тамара (tamaraatanasoska.wordpres
o Капиштец пред Беверли Хилс – Таму ќе ве чека Јована (jovanatozija.blogspot.com


2 коментари:
Kade tocno vo Leptokarija? Leptokarija e shirok poim =)
Па ајде на средина, кај клупите, од страната на Партизанска.
Post a Comment